И кога губи ја зголемува предноста на АТП: Лидерското место и оваа недела резрвирано за Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално ја започна 366-та недела на врвот на АТП листата. Србинот минатата недела забележа неочекуван пораз уште во второто коло на Мастерсот во Монте Карло од Алехандро Давидович Фокина, но и покрај раната елиминација, ја зголеми предноста пред второпласираниот Данил Медведев.

Сега, Србинот има 8.340 бодови, 110 повеќе од Русинот кој поради повреда не настапи на турнирот во Кнежеството. Минатиот понеделник, разликата беше само 10 поени.

Во Топ 10 нема промени во однос на листата од пред седум дена – трет е Александар Зверев, четврти Рафаел Надал, петти Стефанос Циципас, кој ја одбрани титулата во Кнежевството, а потоа следат Матео Беретини, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Феликс Оге Алијасим и Камерон Нори.

Роџер Федерер е 42. играч во светот, што е напредок за едно место.

Се вчитува...