И „кралевите“ ќе бидат десеткувани: Крос и Модриќ неизвесни за ПСЖ?

Реал Мадрид во вторник ќе му гостува на Пари Сен Жермен во реванш меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Францускиот тим веќе и официјално ќе биде без услугите на повредениот Нејмар кој до крајот на оваа седмица ќе замине на операција во Бразил, но и тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, има големи маки со својот состав.

Поради повреди крајно неизвесни за гостувањето во Париз се Лука Модриќ и Тони Крос. Хрватот можеби има и најмали шанси за настап на „Паркот на принцовите“, додека Зидан очекува барем левиот бек Марсело да се врати во првиот тим.

Се вчитува...