И Ла лига суспендирана поради коронавирусот

И шпанската Ла лига е суспендирана поради пандемијата од коронавирусот која ја зафати цела Европа, потврдија раководните лица на шпанското првенство. Откако утрово беше  обелоденето дека еден играч на кошаркарскиот клуб на „кралевите“ е позитивен на коронавирус, а со оглед на фактот дека фудбалерите и кошаркарите користат дел од истите простории во тренинг-центарот, сега сите членови на двата спортски колективи се ставени во карантин, од Ла лига одлучија да го суспендираат натпреварувањето.

Суспензијата важи за следните две седмици, а од Ла лига веќе ги информираа клубовите за новите одлуки кои се донесени.

По италијанското првенство Ла лига е втора од топ 5 фудбалските лиги во Европа која одлучи на одреден период да го суспендира натпреварувањето, а се очекува во следниот период и останатите фудбалски федерации да ги суспендираат националните првенства.

Се вчитува...