И „Лавовите“ не се откажуваат од опстанок: Реми против Брера во Струмица (ВИДЕО)

АП Брера и Македонија ЃП одиграа без победник, 1-1, на дуелот во Струмица во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ по низа пораз, конечно успеаја да ја запрат негативната низа, и тоа на гостувањето против АП Брера, по што се уште остануваат со надеж за опстанок во лигата.

Домашните поведоа со голот на Михаилов уште во 23. минута од натпреварот.

А, во 57. минута израмни Ајдоган со убав волеј-удар за конечни 1-1.

Се вчитува...