И Леброн се поклони пред Словенецот: Нереална тројка на Дончиќ за победа на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ постигна кош со звукот на сирената за победа на Далас над Мемфис од 114-113 во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.

Далас на 1,8 секунди пред крајот изведе топка од страна, Дончиќ се ослободи од двајца кошаркари и потоа со неверојатен шут погоди тројка за победа.

Словенецот низ целиот натпревар беше најдобар играч на паркетот. Постигна 29 поени, дополнети и со девет асистенции и пет скока. Му помогна и Порзингис со 21 поен и шест скока.

По мечот Лука Дончиќ доби пофалби и од еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс.

Се вчитува...