И Марин Чилиќ се откажа од Австралија опен

По Карлос Алкараз, Наоми Осака и Венус Вилијамс, уште еден поранешен гранд-слем шампион го откажа учеството на Австралија опен. Се работи за хрватскиот тенисер и поранешен освојувач на УС опен и финалист од Мелбурн, Марин Чилиќ.

Тој најави дека бил принуден да го откаже настапот. Поради повредата, тој беше принуден да го откаже настапот и да се посвети на опоравување до крајот на сезоната. Во четвртфиналето на турнирот во Пуне, Индија, тој не можеше да настапи бидејќи почувствува проблеми со коленото и без борба му го предаде мечот на Талон Грикспур.

Сепак, тој не успеа да се опорави до стартот на Австралија опен и се откажа од настапот.

„Не е најдобар почеток на 2023 година, неколку тешки денови во Мелбурн. Разочаран сум што нема да можам да играм на овогодинешниот Австралија опен, но здравјето е на прво место. Се гледаме следната година“, рече Чилиќ.

Се вчитува...