И Мерцедес попушти, сите 10 тима го потпишаа новиот договор со Формула 1

Сите десет тима се согласија да го потпишат новиот „Concorde Agreement“ според кој ќе се раководи Формула 1 во периодот од 2021 до 2025 година. Ферари, Мерцедес и Мекларен ја објавија поддршката за новиот договор, а останатите седум тима го следат нивниот пример. Договорот со кој се одредени комерцијалните услови за Ф1 првпат беше воведен во 1981 година. 

Актуелниот светски шампион Мерцедес имаше несогласувања со Ф1 околу договорот, но дилемите се разрешени. Новиот систем е направен за да прекине неправедната распределба на парите од заработувачката кој ги фаворизираше големите тимови, пред се Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

До сега овие тимови добиваa диспропорционално многу повеќе пари од награди во однос на другите тимови и тоа создаваше огромна разлика во можностите за конкурентност. Од Формула 1 најавуваат дека новиот договор ќе ја намали разликата меѓу тимовите и тоа ќе биде добро за овој спорт на долгорочен план.

Се вчитува...