Десниот бек на Вардар, Урош Митровиќ, во следните две недели ќе настапува како позајмен играч за екипата на Ал Наџма од Бахреин.
Српскиот репрезентативец привремено го напушта Скопје за да му помогне на бахреинскиот тим во борбата за престижната азиска титула. Главниот мотив на овој турнир е обезбедувањето директен пласман на Светското клупско првенство.
Ждрепката одлучи десниот бек на „црвено-црните“ и неговиот нов клуб да играат во исклучително силната група Б. Таму ги очекуваат дуели против Ал Араби од Катар, Ал Кувајт од Кувајт и Ал Калиџ од Саудиска Арабија.
Претходно на ваков чекор се одлучија и Филип Кузмановски и Дмитро Хорига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
