И Мурињо прифати договор и едногодишна затворска казна за даночно затајување

И Жозе Мурињо влезе во редот ѕвезди од фудбалскиот свет со договор со шпанските власти за избегнување данок. Португалецот беше обвинет за затајување данок во периодот кога беше тренер на Реал Мадрид.

Тој денеска се поајви во судот каде што прифатил да му биде изречена едногодшна затворска казна која според законите во Шпанија нема да ја одлежи. За прв престап и за казна помала од две години во Шанија не се оди во затвор. Мурињо ќе треба да плати и 3 милиони евра.

Вакви слични договори, но со многу поголема сума за плаќање постигнаа и Кристијано Роналдо, Лео Меси и Лука Модриќ.

Се вчитува...