И Осака без проблеми до 3. коло на Австралија опен

И двократната шампионка на Австралија опен, Наоми Осака без проблеми се пласираше во третото коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната. Јапонката во второто коло со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-4 беше подобра од Американската тенисерка Медисон Бренгл.

Во третото коло Осака за противник ќе ја има младата Американка, Аманда Анисимова.

Пласман во третото коло во вечерниот дел од програмата во Мелбурн обезбеди и минатогодишната шампионка на Ролан Гарос, Барбора Крејчикова која беше подобра од Кинезинката Ванг со 2-0 (6-2 и 6-3).

 

Се вчитува...