И Пескара во списокот на Интер: Трае победничката низа на „нероаѕурите“…

Интер продолжи во победнички амбиент и на вечерашниот дуел на „Џузепе Меаца“. Во списокот на „нероаѕурите“ влезе и Пескара, последнопласираниот тим во Серија А, кој си замина од Милано со пораз од 3-0.

Данило Д’Амбросио во 23.минута го постигна првиот гол на оваа средба, а Жоао Марио во 43. минута зголеми на 2-0.

Во вториот дел, Едер постигна и трет погодок за Интер и беше јасно дека трите бода ќе останат на „Џузепе Меаца“. Иако има одиграно два натпревари повеќе, сега Интер има само шест бода негатива во однос на лидерот Јувентус.

All Goals & Highlights HD – Inter 3-0 Pescara… by PatsaN4ik

Се вчитува...