И Покетино го одбил Реал Мадрид

Реал Мадрид доби уште една „корпа“ од елитните европски менаџери. По Антонио Конте, и стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино, се заблагодарил на понудата на „кралскиот клуб“ за да ја преземе клупата по заминувањето на Хулен Лопетеги. Претседателот Флорентино Перез му понудил годишна плата од 15 милиони фунти, но Покетино има незавршена работа со својот сегашен клуб, Тотенхем.

Реал Мадрид го именуваше Сантијаго Солари за привремен тренер, а тој на наредните неколку натпревари ќе има шанса да се докаже и да добие перманентен договор во сениорскиот погон. Досега Солари беше тренер во Б-тимот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...