И покрај двете последни победи: Македонија остана на 68. место на ФИФА листата

И покрај двете последни победи, против Лихтенштајн и против Гибралтар, во Лигата на нациите македонската репрезентација остана на 68.место и на најновата ФИФА ранг листа.

Македонија со 1343 поени е на истата позиција како претходниот месец, веднаш зад селекцијата на Алжир.

На врвот на листата останува Белгија со 1727 поени, еден повеќе од второпласираната Франција, додека на третото место е Бразил со 1676 поени. Понатаму следат Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска во ТОП 10.

Македонија на 2. декември ја очекува и ждрепката за квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Се вчитува...