И покрај поразот од Алкараз, Ѓоковиќ и понатаму на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ ја започна и 369 недела на првото место на АТП листата и со тоа продолжи да го соборува сопствениот рекорд. По елиминацијата во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, српскиот тенисер загуби 140 поени во однос на претходната листа и сега е прв со 8,260 поени.

Второпласираниот Русин Данил Медведев загуби 90 бодови и има 270 помалку од српскиот ас кој наскоро ќе го прослави својот 35 роденден. Александар Зверев и понатаму е на третото место, пред Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Освојувачот на титулата во Мадрид, Карлос Алкарас, заработи 955 поени и напредуваше за три позиции, па сега е шести тенисер во светот.

АТП – Топ 10

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8,260

2. Данил Медведев (Русија) 7,990

3. Александар Зверев (Германија) 7,020

4. Рафаел Надал (Шпанија) 6,435

5. Стефанос Циципас (Грција) 5,750

6. Карлос Алкараз (Шпанија) 4,773

7. Андреј Рубљов (Русија) 4,115

8. Матео Беретини (Италија) 3,895

9. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 3,760

10. Каспер Руд (Норвешка) 3,760

Иако не настапи на турнирот во Мадрид, полската тенисерка Ига Швјонтек и натаму е водечка на ВТА листата. Сега зад неа е чешката тенисерка Барбора Крејчикова, која на третот место ја потисна Паула Бадоса.

Најголем нарпредок направи победничката во Мадрид, Тунижанката, Онс Жабер, скокна три места и сега е седмо рангирана, а најголем пад и тоа од 4 места бележи Арина Забаленка која сега е осма. Нашата тенисерка Лина Ѓорческа падна позиции во однос на минатата недела и сега е на 288-то место на ВТА листата.

Се вчитува...