Јанош Жембери, претседател на екипата на ТСЦ, истакнува дека титулата е речиси недостижна за тимот од Бачка Топола, и покрај големите инвестиции во инфраструктура и развој на млади играчи.
Тој изјави дека титулата во оваа земја е веќе обезбедена предвреме, и дека било кој тим да дојде не може да ја освои.
„ ТСЦ е првиот тим што значително инвестираше во инфраструктура. Изградивме спортски центар, младинска академија со помош на унгарската држава, а дури подоцна и стадион. Почнавме да создаваме добри млади играчи. Како што почнавме ние, така и другите почнаа да создаваат терени во Србија. А кога станува збор за титулата, дури ни Реал Мадрид не може да биде шампион во Србија “, рече Жембери за време на панелот „Фудбалот во регионот – како да се подигнат домашните лиги“.
Овој тим имаше историски резултат во 2019 година, кога изборија пласман во Суперлигаа, а потоа играше и во нокаут фазата во Лигата на Европа и во Лигата на конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

