И Саудиска Арабија има „октопод“ на голот, фаворитот Уругвај само до бод (ВИДЕО)

Псоле првото коло сите селекции во групата Х имаат по бод. После ремито помеѓу Шпанија и Зеленортските Острови, по еден бод освоија и Уругвај и Саудиска Арабија. Двете селекции постигнаа по гол, а играч на натпреварот е голманот на Саудиска Арабија, Ал-Оваис кој бранеше одлично во вториот дел, откако Уругвајците имаат шанси.

Саудијците шокантно поведоа со голот на Ал Амри после корнер и гужвата во казнетиот простор во 41. минута. Во 80. минута израмни Макс Араухо, речиси од иста ситуација како што поведе Саудиска Арабија.

Во вториот дел се играше главно пред шеснаесетникот на Саудиска Арабија, меѓутоа најзаслужен за бодот е голманот Ал-Оваис. Имаше две одлични одбрани во судиското надополнувае и не дозволи фаворитот да се радува.

Се вчитува...