И Сер Алекс на пат со Јунајтед во Париз

Оле Гунар Солскјер има огромни главоболки околу повредите на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, но затоа доби поддршка од својот долгогодишен тренер, Сер Алекс Фергусон. Најтрофејниот стратег во историјата на „црвените ѓаволи“ се најде на летот од Манчестер до Париз, за да му даде поддршка на Солскјер во пресрет на утрешниот натпревар.

„Фергусон е на авионот за Париз. Во Јунајтед можеби се надеваат на создавање на атмосфера за чудесен камбек како што тоа беше случај во 1999 година, со Сер Алекс на клупата“ – пишуваат британските медиуми.

Солскјер поради повреда нема да може да смета на дури десет стандардни првотимци, поради што меѓу патниците за Париз се најдоа и младите Мејсон Гринвуд и Брендон Вилијамс, од Академијата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...