Швајцарската фудбалска лига доби зелено светло за продолжување на првенството на 8. јуни, по услов натпреварите да се играат без присуство на навивачите како превенција за одбрана од пандемијата на коронавирусот.
Со одлуката на властите, во Швајцарија тренинзи ќе бидат дозволени од 11. мај, главно во групи од не повеќе од пет фудбалери за водечките спортови.
Швајцарската влада одлучи засега да не дозволува враќање на спортските настани на кои се собираат голем број спортисти. Па така и натаму не се дозволува организација на атлетскиот митинг од Дијамантската лига кој на 20. август треба да се одржи во Лозана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА