И судиите знаат да играат фудбал: „Фрчеа“ црвени картони на пријателската средба меѓу судиите од Македонија и Србија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И судиите знаат да играат фудбал. Ако се суди барем според прикажаното на пријателскиот натпревар меѓу македонските фудбалски судии и нивните колеги од Србија кој се играше денеска во Куманово.

Во организација на Судискиот одбор на ФФМ, кој е воден од поранешниот македонски интернационалец Димитар Мечкарковски, а под домаќинство на ОФС Куманово денеска во Куманово се одигра пријателски натпревар меѓу домашните делители на правда и оние од Србија организирани во општинскиот фудбалски сојуз на Нови Сад.

Во интересен дуел, на крајот славеа Македонците со 3-2, по двата погодоци на Гоце Петрески, кој, пак, заработи и црвен картон, се разбира низ една шеговита нишка на фудбалска игра, откако вербално реагираше кон најдобрата македонска судијка Ивана Пројкоска која ја делеше правдата на натпреварот заедно со колешките од Србија.

 

Се вчитува...