И тоа го видовме – пенал за пцовки кон судија (видео)

Неверојатна случка го одбележа францускиот бараж меѓу Ајачио и Авр, откако беше досуден пенал за гостинскиот тим поради упатени навреди кон судијата.

Имено, во 108. минута Авр имаше добра шанса што не ја реализираше, по што домашниот играч Кутадер влезе во конфликт со судијата. Тој му се внесе в лице на главниот арбитар, имаше и минимален контакт со рамото, по што судијата ги изненади сите покажувајќи на белата точка, воедно и доделувајќи му црвен картон на Кутадер.

Целата ситуација ја објасни хрватскиот експерт за судиски одлуки, Матео Беусан, кој потенцираше дека судијата бил во право со ваквата одлука.

„Морам да признам дека во 47 години судиска кариера немам видено ваква ситуација. Иако делува многу чудно, одлуката е исправна. Според правилата стари две години, секој физички напад на службено лице се казнува со црвен картон и слободен удар за противничката екипа. Бидејќи овојпат постоеше контакт, макар и минимален, меѓу фудбалерот и судијата во шеснаесетникот – исправно беше досуден пенал. Во ситуација на конфликт меѓу играч и судија не може да стане збор за интензитетот на контактот, бидејќи било каков допир е забранет. И најблагото туркање е доволно за судијата да ги примени правилата. Ќе повторам, целата ситуација е необична, но се е по правилата“ – објасни Беусан за хрватските медиуми.

 

 

Се вчитува...