Шпанскиот план за одигрување натпревар на друг континент (Вилјареал – Барселона во Мајами) пропадна, па сега се врши серизен притисок за истото да се случи и за италијанското првенство.
Серија А веќе договори дуелот меѓу Комо и Милан во февруари 2026 да се игра во Перт, Австралија, добиено беше и зелено светло од УЕФА, но се погласни се барањата италијанската лига да не се сели надвор од границите на оваа земја.
На иницијативата се приклучија и тренерите на Милан и Комо, Масимилијан Алегри и Цеск Фабрегас, кои сметаат дека ќе биде многу подобро ако овој меч се одигра во Италија.
„Ќе кажам една работа, најважно е што поскоро да се донесе конечна одлука на оваа тема. Ако мене ме прашате, подобро е да играме во Италија, но ако решат дека мора да одиме во Перт, ќе одиме да играме во Перт“, прокоментира Алегри.
„Како што кажав ушт кога идејата беш претставена, не можам да одам против нашите навивачи кои нема да можат да го гледаат дуелот со Милан. Тие луѓе одат да ни дадат поддршка против Лече, не спијат, штедат од платите за да одат на гостувања, а сега поради нечија одлука ќе мора да гледаат на ТВ додека играме против Милан. Јас сум вработен во клубот и ќе ја почитувам конечната одлука, но ако ме прашате за моет лично мислење, не се согласувам со идејата“, изјави Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

