И третиот Душебаев потпиша за Кјелце!

Талант Душебаев од следната сезона под свое во полскиот Кјелце ќе ги има и двајцата синови. Прво беше обелоденет трансферот на Алекс Душебаев (24) од Вардар во редовите на полскиот шампион. Сега официјализиран е и договорот на Кјелце и со третиот член од ракометното семејство, 20-годишниот Даниел кој е играч на Барселона, но сезонава настапува како позајмен играч во Валјадолид.

Тој е голем талент и мило ми е што успеавме да потпишеме договор со Даниел. Во него имаме големи надежи за иднина. Се разбира, пред него има уште многу работа, но и сега е на едно високо ниво. Тој е играч со голем потенцијал и се надевма дека во наредните години уште повеќе ќе ги развие своите вештини – истакнува претседателот на Кјелце, Бертуш Сервас.

Даниел Душебаев со Кјелце потпиша четиригодишен договор до јуни 2022. И најмладиот Душебаев, исто како и неговиот брат Алекс, на актуелниот европски шампион ќе му се приклучи од следната сезона.

Се вчитува...