И УЕФА со признание и подарок за Горан Пандев (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев доби признание и подарок за својот 100-ти настап во националниот дрес и од УЕФА.

Вообичаено Европската куќа на фудбалот не ги заборава фудбалерите кои запишуваат јубилеен 100-ти настап за националните селекции, па овој пат на „Филип Втори“ специјално признание додели и за најдобриот македонски фудбалер кој на дуелот против Летонија се израмни со Гоце Седлоски како единствени во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со 100 официјални натпревари за А селекцијата.

 

Се вчитува...