И Вашингтон Визардс добија нов тренер

Доскорешниот помошник на Мајк Мелоун во Денвер Нагетс, Вес Анселд Јуниор е избран за нов тренер на Вашингтон Визардс.

Синот на славниот Вес Анселд потпиша четиригодишен договор со клубот од главниот град на САД. Последните шест години Анселд Јуниор работеше како помошник во Денвер Нагетс, а во Вашингтон беше во периодот од 2005 до 2011 година која почна својата тренерска кариера.

Во кариерата како помошник има работено и во Орландо Меџик и во Голден Стејт Вориорс.

Се вчитува...