И Велија заминува од Ренова, со понуда од Шкупи

По напаѓачот Емран Рамадани кој својата кариера ќе ја продолжи во новиот прволигаш Струга Трим Лум, Ренова ова лето останува и без деснокрилниот дефанзивец Башким Велија.

По седум години минати меѓу „гипсарите“, Велија го напушта клубот сега во очекување и на првиот интернационален предизвик.

Интерес за Велија, според нашите информации, има и од чаирскиот прволигаш Шкупи за настапите на европската сцена, но и од Струга ТЛ кој е со амбиции да креира квалитетен состав за својата деби сезона во прволигашкото друштво.

Се вчитува...