И Зука си замина од Ренова, Адем се пресели во Македонија ЃП

Ренова за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига остана без услугите и на левокрилниот дефанзивец Фисник Зука.

Поранешниот фудбалер на Шкупи и на албанскиот прволигаш Фљамуртари, изминатава сезона настапуваше за Ренова каде се издвои како еден од најдобрите во лигата на левата бековска позиција. Но, по завршувањето на едногодишниот договор тој од денеска е слободен фудбалер.

„Ја завршив соработката со Ренова и сега разгледувам неколку од понудите од клубови од македонскиот шампионат, иако постои опција и за продолжување на кариерата во странство. Сакам во континуитет и следната сезона да игра во клуб со поголеми амбиции како би се наметнал и за настап во репрезентацијата. Им се заблагодарувам на симпатизерите на Ренова за поддршката, а на тимот му посакувам многу успеси во иднина“ – вели Зука.

Ренова ја напушти и фудбалерот од средниот ред Ермедин Адем кој повторно се врати во редовите на Македонија ЃП како засилување за настапите во квалификациите за Лигата на Европа.

 

Се вчитува...