Ибра го најави филмот за себе: „Кога ќе дојдеш од никаде, мораш да се бориш за се“

Филмот за Златан Ибрахимовиќ „Јас сум Златан“, на шведскиот режисер Јенс Сјорген, настанат според автобиографијата на легендарниот шведски напаѓач, својата премиера ќе го има на 11. ноември и ќе ја каже приказната за животот, детството и експлозијата на Златан, неговата фудбалска кариера и случувањата кои го следеле.

Премиерата во кината го најави и самиот Ибрахимовиќ кој се огласи на социјалните мрежи со фотографијата од филмот, а порано објави и видео со деталите.

Ибрахимовиќ покрај фотографијата напиша: „Кога ќе дојдеш од никаде, мораш да се бориш за се. 11 ноември, на чекањето дојде крајот…“.

Се вчитува...