Златан Ибрахимовиќ е екс-играч на ПСЖ, а досега Швеѓанецот во неколку наврати испраќаше провокации до богатиот гигант.
Контроверзниот напаѓач повторно реши да упати отровни стрели, овојпат во интервју за „Канал плус“.
„Откако си заминав од Франција, само тонете … Веќе немате за што да зборувате во Франција. Јас сум и потребен на Франција, Франција не ми е потребна мене … Не ви помага ниту тоа што ги имате Мбапе, Нејмар и Меси. Зошто? Поради тоа што го немате Бог!
Угледната француска телевизија објави мал дел од ексклузивното интервју направено со Швеѓанецот, односно го покажа делот во кој новинарот прснува од смеа по констатацијата на Златан.
Zlatan nous fait du Zlatan 😬
🎥 @CanalplusFoot pic.twitter.com/9gwuusPOdV
— Vibes Foot (@VibesFoot) October 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА