Ибрахимовиќ би можел да остане дури и ако Милан не обезбеди ЛШ

Златан Ибрахимовиќ би можел да остане во Милан дури и ако клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Швеѓанецот има договор според кој, обезбедено место во елитното натпреварување повлекува автоматско продолжување на соработката, но наводно Ибра бил расположен за останување на „Сан Сиро“ без разлика на тоа каде Милан ќе заврши на табелата.

Во мометов, Милан е на девет бода заостанување зад Атланта која го држи четвртото место на табелата во Серија А, последно кое води во Лигата на шампионите. Од доаѓањето на Ибрахимовиќ на крајот од декември минатата година, Милан има само еден пораз на шест натпревари во Серија А и во Купот на Италија. Ветеранот има постигнато три гола.

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан ќе разговараат со Ибрахимовиќ за останување и следната сезона, при што ќе му биде понудена плата од седум милиони евра, но и можност да даде сугестии за трансферите во текот на летото, за „росонерите“ да донесат адекватни засилувања.

Ибрахимовиќ постигна 42 гола на 61 натпревар во перидот од 2010 до 2012 година во првиот престој во клубот. Управата реши да го доведе во зимскиот преоден рок за да помогне во обидот да се спаси сезоната.

Се вчитува...