Ибрахимовиќ „брутален“ – Откри дали би дозволил Меси да шутира пенал?

Повредениот Златан Ибрахимовиќ е на пауза, бидејќи се повреди на натпреварот против Наполи, па забавниот „Ибракадабра“ своето слободно верме го искористи за вистинско „шоу“ со медиумите. Имено, тој за новинарите на УЕФА, одговараше на необичен начин, како што само тој може.

Убедливо најинтересниот одговор беше даден на прашањето дали би и дозволил на ѕвездата од Барселона, Лео Меси да го шутира решавачкиот пенал доколку се најдат во ист тим, а Ибра се разбира даде немилосрден одговор.

“Би шутирал пенал, бидејќи јас сум капитен на тимот за кој играм. Јас одлучувам кој шутира пенали. Би шутирал во првите три, а потоа ќе му дадам еден. После тоа, повторно би шутирал три пенали и би му дал еден. Тоа ми звучи праведно, рече Ибрахимовиќ во свој стил.

Швеѓанецот се спореди и со неговиот италијански колега Џиџи Буфон, легендарниот голман на Јувентус.

“Лесно е за Буфон, тој стои на голот и колку може ги брани ударите на противникот. Јас морам да се движам низ целиот терен, мора да шутирам и да се борам со противниците. Буфон веројатно може да остане во форма подолго од мене, но нема да му биде лесно против мене”, заклучи Ибра.

Во оваа сезона, „росонерите“ летаат на крилјата на Златан во Серија А. Тие се први на табелата, а Ибрахимовиќ постигна дури 10 гола на шест натпревари.

Се вчитува...