Еден од највозбудливите моменти се случи по големото финале на Светското првенство, во кое Шпанија ја победи Аргентина со 1-0. Веднаш по крајот на натпреварот, меѓу играчите изби голем судир.
Аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес се најде во центарот на тој хаос. Тој влезе во физичка пресметка со Ерик Гарсија, а во инцидентот се вклучи и Гави. Паредес го фати шпанскиот играч за врат, а потоа го оттурна Гави. Ситуацијата брзо ескалираше, а во мешаницата се вклучија голем број играчи и членови на стручниот штаб.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, се обиде да ги смири своите играчи, но словенечкиот судија Славко Винчиќ, по прегледувањето на снимката, му покажа црвен картон на Паредес поради неговото учество во инцидентот по натпреварот.
Токму овој настан предизвика особено остра реакција кај Златан Ибрахимовиќ, кој во текот на првенството работеше како стручен консултант за американската телевизија „Фокс“.
„Треба да биде среќен што на теренот немаше играч како мене. Да бев таму, ќе го удрев со глава и самиот ќе добиев црвен картон. Тоа е крајно непрофесионално. Не разбирам што правеа шпанските играчи, само гледаа како некој го удира нивниот соиграч“, изјави Швеѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
