Ибрахимовиќ на јахта се релаксира со песна од Аца Лукас (ВИДЕО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ поради повреда не успеа да настапи на Европското првенство (ЕП), па паузата ја искористи за одмор и полнење на батериите пред следната напорна сезона. Искусниот напаѓач на Милан сподели дел од атмосферата со своите фанови на Инстаграм, а во позадина се слушаше „локална“, балканска музика.

По Нада Топчагиќ и Осман Хаџиќ, Ибрахимовиќ реши на светската јавност да ѝ претстави нова музика од Балканот, а во листата на омилени песни го има и хитот на Аце Лукас – „Песна на болката“.

Се вчитува...