Милан на драматичен начин стигна до триумф над Парма во Серија А славејќи со 3-2 и тоа благодарение на два гола постигнати во судиското продолжение.
Натпреварот за жал го отслика и немила ситуација и кавга помеѓу тренерот Серџо Консеисао и капитенот Давиде Калабрија. Брзата интервенција на помошните тренери спречи поголем инцидент, но страстите брзо се смирија, како што изјави и самиот португалски тренер на преконфренцијата за медиуми.
А, пак улогата на медијатор му припаднала на спортскиот директор Златан Ибрахимовиќ кој имал разговор и со тренерот и со капитенот, открива „Скај Спорт Италија“. Искусниот Швеѓанец одржал и 30 минутен разговор само со стратегот пред тој да се појави на пресконференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

