Ибрахимовиќ и Милан се договорија, Швеѓанецот стави потпис на нов договор

Милан и Златан Ибрахимовиќ се договорија на уште една година соработка. 41-годишниот напаѓач стави потпис на едногодишен договор со „росонерите“ тежок 1,5 милиони евра плус бонуси поврзани со личните достигнувања.

Ибрахимовиќ веднаш по завршувањето на сезоната го оперираше коленото и ќе биде надвор од терените до јануари.

Меѓутоа, Милан му даде можност да ја продолжи кариерата бидејќи е исклучително важен дел од тимот, не само на теренот туку и во соблекувалната.

Ибра денес стави потпис на нов договор и ќе го пропушти првиот дел на сезоната, до ноември кога ќе почне Мундијалот,а се очекува да се врати на терените во јануари.

 

 

 

Се вчитува...