Ибрахимовиќ ќе заработува симболично, само да продолжи да игра

Познатиот шведски напаѓач и член на Милан, Златан Ибрахимовиќ во последните месеци пред освојувањето на титулата, играл со болки, за да даде придонес за освојување на Скудетото на „росонерите“. Веднаш по завршувањето на сезоната замина на операција на коленото, при што ќе паузира неколку месеци.

И покрај тоа што се претпоставуваше дека е крај, сепак, Златан ќе го гледаме на терените и идната сезона. Милан ќе му понуди нов договор на уште една година, а се очекува наскоро истиот да биде потврден.

Според „Газета дело спорт“, Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор, и ќе игра за симболична цифра. Ќе се откаже од милионите, само да да може и натаму да игра и да му помогне на тимот.

Златан во 2020 година се врати во Милан, и беше важна алка за „црвено-црните“ за кои постигна 36 гола во 74 настапи во последните две години.

Се вчитува...