Ибрахимовиќ носи 50 „ѓаволи“ на проштална вечера

Златан Ибрахимовиќ најверојатно нема да биде дел од Манчестер јунајтед во следната сезона, па шведскиот ас реши да организира „проштална вечера“ на која ќе повика дури 50 членови од стручниот штаб, играчкиот кадар, но и техничкиот персонал на клубот. Таблоидот „Сан“ обелодени дека луѓето кои Златан сака да ги покани се веќе известени и со задоволство го прифатиле големиот гест на суперѕвездата на Јунајтед.

Точниот датум на оваа вечерва не е утврден бидејќи зависи од рехабилитацијата на шведскиот ас, но се очекува таа да се случи пред завршувањето на сезонава.

Сите цело време шпекулираат за неговата иднина, но тој покажува дека е голем човек изнесувајќи 50 луѓе на вечера. Тоа ќе биде неговиот начин да се заблагодари за годината мината во Јунајтед“ – изјави член на управата на клубот.

Златан Ибрахимовиќ дојде на „Олд трафорд“ минатото лето како слободен играч од ПСЖ и веднаш се наметна како предводник на тимот на Жозе Мурињо постигнувајќи 28 погодоци. За жал, тој го повреди коленото во финишот од дуелот во Лигата на Европа против Андерлехт, па сега ќе мора да отсуствува најмалку шест мессеци од фудбалските терени.

Се вчитува...