Ибрахимовиќ одлучил каде ќе ја заврши кариерата

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ нема да остане во Милан и следната сезона. Иако имаше преговори за можно продолжување на соработката, речиси е сигурно дека тој заминува од „Сан Сиро“, а со оглед на повредата што ја заработи, нема да добие шанса да одигра уште еден меч во дресот на „росонерите“. Идниот директор на Милан, Ралф Рангник, не го гледа Ибракадабра како дел од проектот за следната сезона.

„Газета дело спорт“ открива дека Ибрахимовиќ сака кариерата да ја заврши во родната Шведска и тоа во Хамарби, клубот во кој поседува акции. Тој попладнево веќе отпатувал за Шведска. Ибрахимовиќ е дете на Малме, овој клуб дури му подигна и статуа пред стадионот, но навивачите ја урнаа и не дозволуваат да биде поставена на таа локација, токму поради „предавството“ на Ибра и неговите релации со Хамарби. Тоа е еден од најголемите ривали на Малме во шведскиот фудбал.

 

Се вчитува...