Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа на свој терен го декласираа Спортинг Канзас сити со 7-2, во меч во кој повторно блескаше Златан Ибрахимовиќ.
Спортинг прв дојде до предност, но потоа доживеаја вистински потоп. Домашните израмнија во 32. минута кога Ибрахимовиќ промаши пенал но успеа одбиената топка да ја смести во мрежата.
Во второто полувреме имаше дури седум гола, притоа со уште два гола на популарниот Ибра.
Ибрахимовиќ сега има 25 постигнати гола сезонава за нов рекорд на клубот. Златан е прв играч на ЛА Галакси кој во една сезона постигнал 25 гола, а до крајот останува уште многу да се игра…
Zlatan wasn’t done. #LAGalaxy‘s 7️⃣th goal was good for ANOTHER @Ibra_official hat trick ?? pic.twitter.com/mOHqEZnJPY
— LA Galaxy (@LAGalaxy) September 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА