Златан Ибрахимовиќ е чекор поблиску до заминување од Милан откако шведскиот голгетер влезе во отворен конфликт со директорот Иван Газидис. Ибракадабра веќе беше бесен на Газидис поради неговата војна со Звонимир Бобан и заминувањето на Хрватот од „Сан Сиро“, а ситуацијата дополнително се влошила откако директорот пристигнал на вчерашниот тренинг за да го образложи предлогот за намалување на платите на фудбалерите.
„Зошто ве нема никаде да се јавите, а сега доаѓате 48 часа пред првиот меч, и тоа за намалување на платите. Милан веќе не е оној стариот, постои голема неизвесност во целата приказна. Ова не е клубот кој неокгаш беше успешен и финансиски моќен“, му порачал Ибрахимовиќ на Газидис.
Директорот одговорил дека е точно дека клубот не е на нивото од минатото, но дека за финансиска стабилност се неопходни вакви мерки.
Се уште не е познато дали фудбалерите ќе го прифатат предлогот за намалување на платите, но Ибрахимовиќ е апсолутно во право за една работа – погрешниот тајминг ако се знае дека Милан утре го игра реваншот од Купот на Италија против Јувентус, последна шанса за освојување на трофеј сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА