Ибрахимовиќ во елемент: Короната собра храброст да ме предизвика

Златан Ибрахимовиќ во свој стил го прокоментира позитивниот тест на Covid-19, при последното тестирање на фудбалерите на Милан пред денешниот меч со Бодо Глимт.

Синоќешните тестови донесоа позитивен резултат кај Дуарте, поради што рано утрово беше извршено ново тестирање, на кое од сите фудбалери позитивен беше единствено шведскиот голгетер.

„Вчера бев негативен на тестирањето за Covid, денеска сум позитивен. Немам никакви симптоми. Короната собра храброст да ме предизвика. Лоша идеја“, порача Ибрахимовиќ преку својот профил на твитер.

Се вчитува...