Ибрахимовиќ: Време е Јунајтед да излезе од сенката на Фергусон

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ вели дека е време да престанат сите споредби со ерата на Сер Алек Фергусон, ако клубот сака да се врати на врвот во домашниот шампионат. Ибрахимовиќ му порача на Оле Гунар Солскјер дека е време да го заборави наследството на Фергусон и да почне да ја создава својата ера во Манчестер Јунајтед.

„Се што се случува се споредува со ерата на Фергусон. Сите велат дека ако е Фергусон тука, тоа нема да се случува. Се е Фергусон. Ако сум јас менаџер на Јунајтед, би сакал сам да ја создавам историјата, сам да ја создадам мојата приказна. Не би сакал да слушам што се случувало порано. Би сакал да мислам на сегашноста“, гласи пораката на Ибрахимовиќ кон Солскјер. 

Швеѓанецот во периодот од 2016 до 2018 година одигра 33 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 17 гола, а беше дел и од освојувањето на Лигата на европа, Лига купот и Комјунити шилд.

Се вчитува...