Ибраими ја носи Струга ТЛ кон плеј-оф: Шампионот води со 2-0 на полувреме против Есперанж (ВИДЕО)

Струга ТЛ игра одличен прв дел, и има добра предност во дуелот со Есперанж од Луксембург со 2-0. Стружани доминираа во речиси целиот тек на првите 45. минути, а двата гола беа дело на Ибраими.

Голгетерот на стружани најпрво ја искористи грешката на голманот на гостите за водство од 1-0 во 23. минута. Доби топка од Радески, но кога се чинеше дека Чеканович ќе ја прифати таа топка, ја испушти, па Ибраими само ја спроведе во празната мрежа.

Истиот играч во 40. минута реализираше од белата точка, откако самиот го изнуди пеналот, и потоа прецизен од белата точка за предност од 2-0.

Вреди да се напомене дека и Есперанж имаше свои шанси. Се закани двапати, но во исто толку наврати одличен беше Ќосевски и така ја сочува мрежата по првите 45. минути.

Се вчитува...