Ибраими: Мора да почнеме да постигнуваме голови

На првите три европски натпревари ова лето екипата на Шкендија нема постигнато ниту еден гол… Сето тоа е клучниот момент за лошите резултати на „црвено-црните“ кои утре ја пречекуваат Рига на реваншот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

И офанзивецот Бесарт Ибраими е свесен дека негативата од 0-2 од првиот меч единствено може да се анулира со голови.

„Време е конечно да почнеме да постигнуваме голови. Знам дека можеме да славиме против Рига, затоа што и поразот на првиот дуел е само последица на наши грешки. Доколку сме поконцентрирани во нападот сигурно резултатот ќе биде поинаков. Мислам дека воопшто не играме така лошо како што кажуваат резултатите ова лето. Затоа посакуваме утре со Рига да го покажеме сиот наш квалитет“ – истакна Ибраими на денешната прес-конференција.

 

Се вчитува...