Шкендија оствари триумф од 3-1 против финскиот претставник Хелсинки во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Европа, што се одигра вчера во Струмица. Тимот на Ќатип Османи има солидна предност пред реваншот што ќе следи в четврток во Финска.
Напаѓачот Бесарт Ибраими беше стрелец на сите три гола за Шкендија на овој меч и стана првиот играч на клубот што постигнал хет – трик во натпреварите од Лигата на Европа.
„Среќен сум за хет – трикот, секој напаѓач ужива кога постигнува голови. Но, за мене најважен е тимскиот дух и секако пласманот на Шкендија во следната рунда од ова натпреварување. Верувам дека триумфот во Струмица не доближи до таков успех, иако има за играње уште 90 минути на реваншот во Финска, и таму дефинитивно нема да не очекува лесна задача“, изјави Бесарт Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА