Идеалниот тим на фудбалери кои нема да играат на ЕВРО 2020: Тим за титула! (ФОТО)

Една од омилените теми на многумина пред големите европски и светски фудбалски натпреварувања секогаш е изгледот на идеалниот тим составен од фудбалерите кои нема да играат на истите, поради разно-разни причини, како повреди, одлуки на селекторот, лоша форма или неучество на нивната репрезентација.

Француски „Л’Екип“, избра 11 неверојатни играчи кои нема да ги гледаме на ЕВРО 2020. Се работи за класа фудбалери чија збирна вредност изнесува дури 578 милиони евра.

Според изборот на „Л’Екип“ тоа се голманот Облак, па Александер Арнолд, Серхио Рамос, Ван Дајк, Хернандез, Камавинга, Милинковиќ-Савиќ, Собослаи, Ројс, Ибрахимовиќ и Халанд.

Се вчитува...