ИФФХС: Шкендија е прв македонски клуб со место во ТОП 100 во светот, осми на Балканот за 2016 година!

Тетовска Шкендија го има најдобриот ранкинг на еден македонски клуб во една календарска година, во историјата на македонскиот фудбал, според Институтот за фудбалска статистика и историја (ИФФХС).

За првпат откако Македонија и нејзиниот фудбал се вметнати во анализите и студиите на ИФФХС, еден македонски клуб е рангиран во ТОП 100 клубови во светот според учинокот на меѓународната и домашната сцена во една календарска година. Шкендија, според ИФФХС, за 2016 година е на 97. место во светот, од вкупно 400 рангирани клубови, со 125 бода. Тетовци се на делба на 97. место заедно со сплитски Хајдук, норвешки Розенборг и Ал Ахли од Саудиска Арабија. А интересно, пред клубови како Челси кој е на 102. место, Интер на 106. место, па Панатинаикос, Бешикташ, или Милан кој е на 120. место…

На ИФФХС листата од Македонија има место само за два клуба. Покрај Шкендија, ранкинг има и Вардар кој со 64 поени е на делба на 348. место.

Шкендија, со својот учинок – пред се низ настапите на европската сцена минатото лето, ја смести Македонија во само 39 земји од светот кои имаат свој претставник во ТОП 100 на листата. Најмногу имаат Англија и Шпанија, по седум клуба во ТОП 100, Бразил има шест клуба а Франција и Италија по пет клуба, додека Германија – 4 клуба…

На листата, пак, на издвоени најдобри европски клубови во 2016 година, Шкендија е на 67. место на Стариот континент.

Од балканските простори во ранкингот во кој се анализирани клубови од Турција, Грција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, БиХ, Словенија и МАКЕДОНИЈА, тетовци, пак, се на извонредното 8. место, оставајќи зад себе бројни звучни фудбалски клубови од овој регион.

Интересно, по европските гиганти Барселона (која беше најдобра на ИФФХС листата во 2011, 2012 и 2015 година), па Баерн Минхен (2013 година) и Реал Мадрид (2014 година), за 2016 година најдобар е неевропски клуб, Атлетико Национал од Колумбија.

ИФФХС ЛИСТА – НАЈДОБРИ БАЛКАНСКИ КЛУБОВИ ВО 2016 ГОДИНА1. Фенербахче (Турција) 218 бодови2. Османлиспор (Турција) 1743. Динамо Загреб (Хрватска) 169,5 бодови4. Олимпијакос (Грција) 1635. Лудогорец (Бугарија) 1516. ПАОК (Грција) 146,57. Астра (Романија) 1298. ШКЕНДИЈА (МАКЕДОНИЈА) 1259. Хајдук (Хрватска) 12510. Стеауа (Романија) 12411. Бешикташ (Турција) 123,512. Панатинаикос (Грција) 12213. Војводина (Србија) 12014. Ријека (Хрватска) 11815. Марибор (Словенија) 11216. Црвена Звезда (Србија) 10417. Домжале (Словенија) 10418. АЕК (Грција) 99,519. Галатасарај (Турција) 96,520. Клуж (Романија) 94,5Nefci - Skendija 7ИФФХС ЛИСТА – НАЈДОБРИ ЕВРОПСКИ КЛУБОВИ ВО 2016 ГОДИНА1. Реал Мадрид (Шпанија) 310 поени2. Барселона (Шпанија) 2803. ПСЖ (Франција) 2624. Шахтјор Доњецк (Украина) 260,55. Баерн Минхен (Германија) 2546. Борусија Д. (Германија) 2507. Севилја (Шпанија) 2488. Атлетико Мадрид (Шпанија) 2399. Јувентус (Италија) 23410. Фенербахче (Турција) 21811. Манчестер јунајтед (Англија) 21667. ШКЕНДИЈА (МАКЕДОНИЈА) 125

Се вчитува...