Игор Ангеловски Мрме е нов селектор на Таџикистан

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија со кој игравме на историското прво Европско првенство Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан.

Поранешниот македонски предводник потпиша договор со азиската селекција, со примарна цел подготовка на тимот за претстојниот Азиски куп, кој ќе се одржи во 2027 година во Саудиска Арабија. Ова е прв ангажман на Ангеловски како селектор по заминувањето од македонската клупа по дебито на Европското првенство во 2021 година.

Во меѓувреме, популарниот „Мрме“ работеше во клупскиот фудбал предводејќи ги екипите на Горица (Хрватска), Каспиј (Казахстан) и Етникос Ахна (Кипар). Своите најголеми тренерски успеси ги започна во Работнички, каде ја освои двојната круна во сезоната 2013/2014.

 

 

Се вчитува...