Игор Гацов е нов тренер на Академија ФМП

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП го назначи Игор Гацов за прв тренер на сениорската екипа, која ќе се натпреварува во Втората македонска лига во наредната 2018/2019 сезона.

Игор Гацов досега има соработувано со неколку прволигашки екипи меѓу кои, КК МЗТ Скопје, КК Работнички Скопје и КК Амак СП Охрид. Тренерот кој прв им даде шанса, на тогаш младите и неискусни македонски репрезентативци, Војдан и Дамјан Стојановски во Првата македонска лига, на позицијата прв човек на клупата на КК Академија ФМП доаѓа по долгогодишна работа како скаут во неколку европски екипи.

Се вчитува...