Игор Стојчевски дебитираше на Европското првенство во Израел

Младиот македонски фудбалски судија, интернационалецот Игор Стојчевски, кој од минатата сезона се наоѓа на листата на главните судии на УЕФА, дебитираше на Европското првенство, играчи до 17 години што се одржува во Израел. Тој беше главен судија на мечот Холандија- Бугарија /3:1/. Му помагаше  Даниел Василевски, како прв асистент на овој меч.

Се одиграа уште три натпревари од првото коло: Израел-Луксембург 3:0, Германија-Италија 3:2 и Франција-Полска 5:1. Првенството во Израел трае до 2 јуни.

Интересно е да се напомене дека во моментот нашиот најдобар фудбалски судија Александар Ставрев досега судеше на три европски првенства во категорија на помлади фудбалери. Во Луксембург 2006, играчи до 17 години, во Чешка 2008 за фудбалери до 19 години и во Данска 2011 , играчи до 21 година.

Се вчитува...