Играч кој што секој го посакува: Вилијамс забележа 203 натпревари во низа и постави нов рекорд во Ла Лига

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињако Вилијамс со златни букви се запиша во историјата на шпанскиот фудбал. Со самото тоа што се најде во почетниот состав на тимот од Билбао го запиша и 203. натпревар по ред во Ла Лига без да пропушти ниту еден.

Неверојатната серија на Вилијамс трае од месец април 2016 година со што го мина рекордот на легендата на Реал Сосиедад, Хуан Антонио Ларањага. Импресивното е тоа што тој нема пропуштено натпревар ниту поради повреда ниту пак поради суспензија и секогаш е на располагање на тренирите на тимот повеќе од пет години со што го прави играч кој што секој тренер го посакува во својот состав.

Се вчитува...